Во последниот ден од преодниот рок Фабио Коентрао го напушти Реал Мадрид, а ова значеше и почеток на еден вид нова ера во таборот на „кралевите“.
Имено, после цели 11 години актуелниот европски шампион во својот состав нема играч кој е застапуван од супер агентот Жорге Мендеш.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Помеѓу големиот број клиенти Мендеш ги застапува: Пепе, Кристиано Роналдо, Коентрао, Родригез и Рикардо Карваљо, фудбалери кои долги години беа дела од шпанскиот гигант.
Треба да се истакне и дека Мендеш знаеше да му помогне на Реал и во трансфери на фудбалери кои тој не ги застапува. Таков беше случајот со трансферот на Анхел Ди Марија од Бенфика во Мадрид, тука супер агентот имаше големо влијание.
Соработката започна во 2007 година кога во Мадрид пристигна стоперот Пепе, потоа следуваа Роналдо и останатите.
Сега, дали навистина повеќе нема да има контакт не можеме да знаеме, но сигурно е дека Реал сега е тим кој не зависи од некоја главна ѕвезда, туку силата на тимот ќе биде колективот.