Никола Миленковиќ пред година и половина пристигна во Фиорентина од Партизан и веднаш го покажа својот голем талент.
Миленковиќ оваа сезона е незаменлив во тимот на „виолетовите“ и се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговите партии не останаа незабележани од европските гиганти, кои буквално се „тепаат“ за неговиот потпис, а цената на Србинот расте од ден на ден.
Миленковиќ има само 21 година и експертите му предвидуваат блескава иднина во ред за неговиот потпис веќе од поодамна стојат Јувентус, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Последните информации од Апенините тврдат дека и Баерн Минхен сериозно се вклучил во трката за дефанзивецот и сака да го донесе на „Алијанц Арена“ уште во јануари.
Фиорентина знае дека нема да може уште долго да го задржи Миленковиќ во своите редови, но нема да разгледува понуда помали од 50 милиони евра.
Останува да видиме кој од споменатите клубови е спремен да ја плати оваа цена.