Дома Фудбал Лига на шампиони Европскиот шампион на колена пред Бензема!

Европскиот шампион на колена пред Бензема!

Реал Мадрид е пред пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите благодарение на Карим Бензема кој продолжи да игра во фантастична форма. На гости во Лондон Реал денес славеше победа од 1:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херојот на „кралевите“ беше Карим Бензема кој одново постигна хет-трик. Првите два гола Бензема ги постигна во првото полувреме и тоа после само 24 минути игра и во период од три минути.

Челзи успеа да ја врати неизвесноста со голот на пет минути до крајот преку Каи Хверц. На полувремето „кралевите водеа со 1:2.

Одлучувачкиот момент во овој натпревар можеби беше самиот старт на вториот дел. Уште во 46. минута Бензема доби подарок по едно недоразбирање на Менди со одбраната, а Французинот кој игра во страшна форма на таков подарок не прости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…