Откако вчера вечер како „бомба“ во обложувачкиот свет одекна дека Македонец од Прилеп освоил добивка од 520.000 евра денес беше откриен и неговиот идентитет.
Ване Лесновски од Прилеп е човекот за кој денес се зборува, не само во Македонија, туку и на Балканот. Имено, Македонија го има човекот кој ја освоил најголемата добивка на спортско обложување во Европа!
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лесновски вчера како последен натпревар од неговиот тикет ја чекаше средбата помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед, типот на Ване гласеше X2 (нерешено или победа на Манчестер Јунајтед).
Како што е познато натпреварот заврши без победник 0:0, најмногу благодарение на спектакуларните одбрани на Давид Де Геа.
„Благодарен сум на Де Геа и ќе му бидам до крајот на животот! Веќе порачав негов дрес. Сакам да урамам во дневната соба. Навистина заслужи“, заклучи европскиот рекорер, Ван Лесновски.