Дома Фудбал Останато Евра им одговори на критичарите: Зошто би му посветувал твитови на Фергусон?

Евра им одговори на критичарите: Зошто би му посветувал твитови на Фергусон?

Легендарниот Фергусон пред три ноќи веднаш беше опериран по мозочниот удар, а неговата состојба во моментов е стабилна иако неговиот живот беше загрозен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Фергусон  целиот свет му посака среќа за закрепнување, а речиси сите негови поранешни фудбалери, пријатели и соработници го поддржа преку социјалните мрежи. Меѓутоа, некој забележа дека Патрис Евра не беше меѓу нив. Французинот, кој обично е многу активен на Твитер, беше критикуван од навивачите зошто не му посвети ниту еден твит на својот поранешен тренер, бидејќи тоа денеска остана освновен дел од културата.

Но, Евра на критичарите им одговори во свој стил, а би можеле да кажеме и на најдобар можен начин.

„Прочитав многу твитови дека Фергусон е веќе мртов, но тој е борец. Луѓето ме прашуваат зошто не му посветив твит на Фергусон, но зошто и би му посветил? Јас сум еден од оние среќници кои го имаат неговиот број и нема потреба јавно да пишувам нешто“, напиша Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…