Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд беше гостин во интересна емисија на „БТ Спортс“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фердинанд како гостин дојде во студиото во кое имаше колекција на дресови од играчи кои ја обележале фудбалската историја. Покрај големиот број ѕвезди тука беше и дресот на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.
Овој дрес кај Рио разбуди непријатни сеќавања кога Агуеро постигна гол во последните секунди и ја одзема титулата на Манчестер Јунајтед. Тоа што го фрли на земја најдобро покажува што мислеше за тој дрес.
https://www.youtube.com/watch?v=lGhYIX_Vs5I
„Се сеќавам тој ден сите зборуваа дека сме шампиони на Англија. Натпреварот на Сити уште се играше и губеа со 2:1. Го чекавме крајот и тогаш некој кажа дека водат со 3:2 и дека Агуеро постигнал гол во последната секунда. Го мразам овој дрес“, порача Фердинанд.
Овој момент може да го погледнете во видеото на 7:53.