Дома Фудбал Англија Еве што побара Луис Енрике за да го преземе Арсенал

Еве што побара Луис Енрике за да го преземе Арсенал

Екс тренерот на Барселона, Луис Енрике, кој е посочен како главен фаворит за заменик на Арсен Венгер, побарал од раководството на Арсенал 200 милиони евра за летни трансфери.

Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот сака нови засилувања во сите линии од тимот, особено голман, одбрана и среден ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Енрике бил задоволен само од состојбата во нападот каде „топџиите“ ги имаат Обамејанг и Лаказет, но и Михтаријан и Озил како поддршка.

„Сан“ пренесува дека главна трансфер цел на Енрике е Раџа Наинголан од Рома. Притоа, откриена е и платата која Шпанецот ја побарал од раководството, а таа изнесува 9 милиони евра.

Арсенал не е единствениот клув од Премиер лигата кој го сака Луис Енрике. Челзи исто така во него гледа идеален наследник за Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…