Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што вели правилото на ФИФА за поништениот гол на Барселона

Еве што вели правилото на ФИФА за поништениот гол на Барселона

Фудбалерите на Барселона вчера беа поразени на „Џузепе Меаца“ од Интер со 1:0 во натпревар од третото коло во групната фаза.

Каталонскиот клуб ја имаше улогата на фаворит во овој натпревар, но на крајот Интер славеше со 1:0 иако домаќинот во поголемиот дел од натпреварот се фокусираше на одбраната.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меѓутоа многу прашина се крена околу одлуката на главниот судија, Славко Винчиќ во финишот. Се започна во 67. минута кога Барселона изедначи со голот на Педри, но потоа Винчиќ доби сигнал од ВАР собата дека Ансу Фати играл со рака пред Педри да ја смести топката во мрежата.

Многумина ја критикуваа ваквата одлука на главниот судија, а според правилото на ФИФА овој гол и не требало да биде поништен.

„Ненамерното играње со рака кое претходни на гол на соиграч или гол-шанса повеќе не се смета за прекршок“, стои во соопштението.

Навивачите на Барселона Винчиќ ги налути и во последните моменти кога не беше досуден пенал за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат …