Тренерот на Барселона, Луис Енрике синоќа последен пат го водеше каталонскиот тим, па иако не успеа да стигне до третата титула во низа тој со овации беше поздравен од навивачите на „Камп Ноу“.
Првиот човек на клубот, Џозеп Марија Бартомеу потврди дека Барселона името на новиот тренер ќе го соопшти на 29 мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Знаеме дека оваа сезона не бевме константни, дека имавме падови и подеми. На почетокот на сезоната бевме екипа со најмалку освоени бодови на домашен терен. Реал ја освои лигата и тоа е тоа. Немам што да кажам, можам да им честитам“, изјави Луис Енрике по победата над Еибар 4-2.
Луис Енрике во својот мандат освои осум трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите во 2015 година. Тој во март објави дека по завршувањето на договор ќе замина од клубот. Од тој момент медиумите шпекулираат со името на неговиот наследник, а како најсериозен кандидат се споменува Ернесто Валверде од Атлетик Билбао.
Првиот човек на Барселона, Бартомеу, во неделата по натпреварот со Еибар потврди дека името на новиот тренер ќе биде познато на 29-ти мај, откако ќе биде одиграно финалето на Купот, во кое ќе играат Барселона и Алавеш.