Дома Фудбал Италија Еве зошто Јуриќ го замени Радоњиќ по 14 минути

Еве зошто Јуриќ го замени Радоњиќ по 14 минути

Во Италија од утрово главна тема е потехот на хрватскиот тренер Иван Јуриќ во поразот на Торино од Јувентус со 4:2.

Јуриќ во 60-тата минута во игра го внесе Србинот Немања Радоњиќ и го замени 14 минути подоцна откако неговиот тим прими гол за 3:2. Радоњиќ секако беше изненаден, на клупата дојде и до конфликт помеѓу нив двајца.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јуриќ таква одлука донел поради ноншалантното шетање на фудбалерот пред нафрлувањето на Киеза по кое Бремер постигна гол за водство.

„Ова момче има талент, но очигледно не успеав да го направам фудбалер“, изјави Јуриќ на прес-конференција по натпреварот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Казахстански клуб собира ветерани: Присигна Нани, се чека на Пјаниќ

Две години познатиот Нани беше во фудбалска пензија, но изгледа дека доби доволно пари да …