Дома Трансфер зона Еве зошто Халанд не заврши во Јунајтед: Борусија не платила само 25 милиони евра

Еве зошто Халанд не заврши во Јунајтед: Борусија не платила само 25 милиони евра

Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд вчера и официјално стана нов играч на Борусија Дортмунд.

Германскиот клуб го доведе 19 годишниот фудбалер за само 25 милиони евра и тоа изгледа како фантастичен потег затоа што Халанд во овој момент веројатно е играчот со најголем потенцијал во Европа.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


На 28 натпревари постигна дури 22 гола и го привлече интересот на бројни клубови. Како еден од фаворитите за неговиот потпис покрај Јувентус се споменуваше и Манчестер Јунајтед, но на крајот на изненадување заврши во Борусија Дортмунд.

Англиските медиуми по потврдата за трансферот на Халанд објавија дека „виновник“ за тоа е Мино Раиола кој ги водел преговорите. Тој прво барал откупна клазула во договорт на Халан од 50 милиони евра, потоа побарал и провизија за неговиот татко и тие побарувања биле одбиени од Јунајтед.

Дортмунд на крајот му плати на Салзбург 25 милиони евра, 15 милиони евра доби Мино Раиола, додека десет отишле на сметка на таткото на фудбалерот. Германскиот клуб така за Норвежанецот потроши 50 милиони евра. Се уште не е познато дали во Дортмунд го прифатиле наводниот услов за клазулата во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, …