Дома Фудбал Еве зошто Модриќ се налути на прашањето на шпанскиот новинар и си замина

Еве зошто Модриќ се налути на прашањето на шпанскиот новинар и си замина

Лука Модриќ одигра брилијантно за Хрватска во вториот натпревар на ЕП, но одличната партија на капитенот не беше доволна за повеќе од 2:2 против Албанија, која израмни во петтата минута од судиското надополнување.

По дебаклот против Шпанија (0:3) и само бод со Албанија, Хрватска е во многу тешка ситуација пред последното коло. Тие треба да ја победат Италија во понеделник, но и да го направат тоа, не се сигурни дека ќе поминат во нокаут рундата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По новиот неуспех, Модриќ одговараше на прашања на новинарите во микс зоната на стадионот во Хамбург. Модриќ им одговори на хрватските новинари, но по едно новинарско прашање на шпански се налути и демонстративно ја напушти зоната.

На прашање на шпански, тој на хрватски одговори „Ајде, одиме“ и им се заблагодари на новинарите за прашањата и си замина.

Madrid Xtra, навивачки профил на Реал на X кој има 1,4 милиони следбеници, ја открива причината за гневот и заминувањето на Модриќ (38): „Новинарот го праша Модриќ дали решавачкиот меч за Хрватска ќе го игра помлад или постар играч“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова рутинска победа на Милан🎥

Милан запиша трета победа по ред во Серија А откако рутински славеше на домашен терен прот…