Српскиот фудбалер Немања Матиќ минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Челзи, но на големо изненадување ова лето се пресели во Манчестер Јунајтед.
Матиќ беше стандарден во тимот на Антонио Конте кој стигна до титулата шампион на Англија, но на големо изненадување на навивачите на Челзи ова лето го напушти клубот и се пресли во редовите на ривалот Манчестер Јунајтед. Потегот на „Сините“ на никого не им беше јасен со оглед на тоа што српскиот фудбалер беше важна алка во тимот од Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој играч за врска минатиот викенд дебитираше за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, и со својата игра ги воодушеви „Црвените ѓаволи“. Матиќ покажа дека ќе биде големо засилување, но повторно се најде во центарот на вниманието на навивачите на Челзи кои бараа оправдување за заминувањето на овој играч.
„Разговарав со многу луѓе денеска за Матиќ и сите ми кажаа дека тој го напушти Челзи, бидејќи Антонио Конте повеќе не смета на него. Пристигна понуда од Јунајтед и не се чекаше долго време. На никој не му е јасно зошто Конте се откажа од овој играч во најдобрите години“, вели извор близок до Челзи.