Новата повреда на Осман Дембеле го отвори прашањето дали е можна реакција на Барселона на трансфер пазарот за да се пронајде адекватно решение додека Французинот не се опорави.
Додека во јавноста срамежливо се споменува можноста за купување или позајмица слична на минатогодишниот модел на Кевин Принс Боатенг извори блиски на клубот ја отфрлаат таа можност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите од Иберискиот полуостров веќе е одржан состанок на директорите Ерик Абидал и Рамон Планес со тренерот Ернесто Валверде, а исходот е следниот – замената за Дембеле ќе биде Карлес Перез или Ансу Фати. Двајцата веќе добиваа шанса кај Валверде, можат да ги покриваат страничните позиции и им се предвидува убава фудбалска иднина.
Меѓутоа во Барселона не размислуваа за ангажман на нов играч. Од таа идеја се откажале затоа што е проценето дека на фудбалскиот пазар нема доволно квалитетни фудбалери да ја покријат дупката на десната бековска позиција. Минатогодишниот обид со Боатенг се покажа како грешка, поради што е логично Перез или Фати да добијат шанса.
Она што се зема во предвид е и тоа што евентуалното доведувањето на нов играч психички би влијаело на самодовербата на Осман Дембеле.