Германскиот фудбалер, Јулијан Дракслер ги демантираше медиумите кои велеа дека тој во текот на летото преговарал со Барселона.
Местото на Дракслер во тимот е загрозено откако во ПСЖ пристигна Нејмар ова лето, па оттаму се поврзуваше со бројни екипи меѓу кои и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мундо Депортиво дури тврдеше дека Дракслер преку своите застапници сам и се понудил на Барселона, но офанзивецот тоа го демантираше.
„Никогаш не сум ни размислувал за тоа да заминам. Никогаш не постоеа разговори со Барселона“, истакна Дракслер пренесуваат германските медиуми.
Германецот успешно закрепна од повредата и изминатиот викенд за ПСЖ го одигра целиот меч против Мец на кој Парижаните славеа со 5:1.