Изминатата вечер во НБА лигата се одигра и првото дерби во кое се сретнаа екипите на Лос Анџелес Клиперс и Феникс Санс.
На крајот на победа се радуваше тимот од Аризона со 116:113 кој во основниот дел беше блиску да загуби затоа што Клиперс кон средината на последниот период водеа и со десет разлика (91:81).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Херој на Феникс беше Кевин Дурант кој успеа да погоди тежок шут за израмнување на 20-тина секунди пред крајот и така го одведе натпреварот во продолженија. Од друга страна Џејмс Харден не реализираше три шута во низа со кои можеше да донесе недостижна предност за Клиперс.
Натпреварот Дурант го заврши со 25 постигнати поени, Бредли Бил додаде 24, додека Букер имаше 15. Харден оствари учинок од 29 поени, 12 скока и осум асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Индијана 109-115
Атланта – Бруклин 120-116
Мајами – Орландо 97-116
Филаделфија – Милвоки 109-124
Торонто – Кливленд 106-136
Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126
ЛА Клиперс – Феникс 113-116
Портланд – Голден Стејт 104-139