Дома Останати Кошарка НБА Дурант се врати, Бруклин го доби дербито, Богдановиќ одличен во победата на Атланта над Мивлоки 🎥

Дурант се врати, Бруклин го доби дербито, Богдановиќ одличен во победата на Атланта над Мивлоки 🎥

Бруклин Нетс дојде до победа во дербито против Феникс со 128:119.

Овој натпревар беше обележан со враќањето на Кевин Дурант кој пропушти три натпревари поради повреда. Бруклин успеа да дојде до третата победа во последните четири натпревари и така го обезбеди првото место на Истокот пред Филаделфија и Милвоки. За Феникс ова беше втор пораз во низа, но сепак останаа на второто место на Западот со скор од 42:18 зад Јута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобар на натпревар беше Ирвинг со 34 поени, 6 скока и 12 асистенции, додека Дурант во првиот натпревар после паузата постигна 33 поени. Во Редовите на поразениот тим Девин Букер беше најефикасен со 36 поени.

Одличен натпревар одигра Аталанта со Милвоки и на крајот победи со 111:104. Богдан Богдановиќ даде голем придонес со 32 поени,еден скок и три асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Кливленд 119:110, Атланта – Милвоки 111:104, Орландо – Индијана 112:131, Голден Стејт – Сакраменто 117:113, Шарлот – Бостон 125:104 Бруклин – Феникс 128:119, Портланд – Мемфис 113:120.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…