Дома Останати Дувњак: Пред првенството го оперирав коленото за да стигнам, а сега…

Дувњак: Пред првенството го оперирав коленото за да стигнам, а сега…

Најдобриот ракометар на Хрватска, Домагој Дувњак се повреди на првиот меч на ЕП против Србија и сигурно ќе го пропушти остатокот од турнирот кој се игра токму во неговата земја.

Мали се шансите Дувњак да се врати до крајот на првенството бидејќи нему му настрада листот на десната нога, што предвидува мирување и секојдневна терапија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Терапиите за повредениот лист се одедени. Имаме врвни физиотерапевти и лекари, се што е потребно во првите денови по повредата. Морам да признаам дека тешко ми падна фактот што нема да можам да помогнам во овие важни натпревари, но нема да се предадам. Пред се поради овој тим, моите најголеми пријатели, но и целата јавност, за сите кои овие денови живеат за ракометот“, истакна Дувњак и додаде:

„Тешко ми е, го оперирав коленото само за да стигнам да играм на ЕП. Но, повторувам, не губам надеж и најголем навивач сум на Хрватска покрај ТВ екраните. Верувам во своите соиграчи и знам дека и без мене сложно ќе чекорат кон целта“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ваков спектакл Скопје не памети: Најголемите имиња од македонскиот ракомет на едно место!

Скопје на 29 октомври ќе биде домаќин на ракометен спектакл каков што одамна не сме виделе…