Бруно Фернандес и Диого Далот во понеделникот биле на летот од Манчестер за Лисабон, а во авионот се случил инцидент.
Фернандеш за време на летот забележал човек во задниот дел на авионот како паѓа во бесознание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бруно отиде до задниот дел од авионот за време на летот. Слушнавме како повикува на помош, сите погледнавме назад за да видиме што се случува“, изјави Сузан Лосон, една од патниците.
„Членовите на екипажот побрзаа да помогнат. Бруно помогна да се смести господинот на празното седиште. Тој остана таму цело време за да се увери дека сè е во ред. Интервенцијата беше околу 5-10 минути”, рече таа.