Дома Фудбал Англија Драма: Алисон постигна гол во последна секунда и го приближи Ливерпул до ЛШ🎥

Драма: Алисон постигна гол во последна секунда и го приближи Ливерпул до ЛШ🎥

Монентите кога голманите постигнуваат голови во фудбалерот се ретки, а овој гол на Алисон може да биде историски.

Имено, Алисон постигна гол во последната секунда против ВБА и му донесе победа на Ливерпул која може да го однесе во Лигата на шампиони.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако се очекуваше „црвените“ рутински да дојдат до победа, сепак работите за Клоп не тргнаа во најдобро. ВБА поведе уште во 15-та минута со голот на Робсон Кану.

Салах во 33-та минута погоди за израмнување и со тој резултат се замина на одмор.

Во вториот дел Ливерпул создаде многу шанси, но никако не успеваше да постигне гол, а во неколку ситуации се спаси.

Кога сите очекуваа нов кикс на „црвените“ во последната минута имаше корнер, а голманот Алисон замина пред противничкиот гол. Бразилецот погоди за голема победа на Ливерпул (2:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…