Дома Фудбал До ден денес сите молчеа за понижувањето кое го доживеа Хари Кејн – никогаш нема да им го прости ова

До ден денес сите молчеа за понижувањето кое го доживеа Хари Кејн – никогаш нема да им го прости ова

Хари Кејн ова лето реши да го напушти Тотенхем и стана нов член на Баерн Минхен.

Лондонскиот клуб неговото заминување го сфати како предавство и го понижи на заминувањето од клубот, па 30-годишниот напаѓач не доби шанса да се поздрави со поранешните соиграчи или да си ги собере работите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Хари Кејн по речиси две децении одлучи да го напушти Тотенхем. Одличниот напаѓач ја прифати понудата на Баерн и во трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра премина во редовите на баварскиот гигант.

Тотенхем на секој начин се обидуваше да го убеди Кејн да остане во клубот до крајот на кариерата. Тие му понудија и нов договор, но 30-годишниот напаѓач одлучи дека е крајно време да почне да освојува трофеи и го избра Баерн како идеална дестинација за тоа.

Сепак, по заминувањето од клубот, легендарниот играч на Спарс беше понижен. Апсолутно никој не очекуваше да му се случи ваква ситуација по се што му даде на Тотенхем во изминатите години.

Кога на клупското раководство му соопштил дека донел одлука да замине во Баерн, на Кејн му било забрането да влезе во тренинг центарот и лично да се поздрави со соиграчите. Тоа мораше да го направи преку СМС пораки.

Исто така, клубот не му дозволил да си ги собере работите од соблекувалната. Тие беа испратени на неговата домашна адреса и на овој начин клубот му кажа многу грдо збогум на Кејн.

Еден од најдобрите напаѓачи сигурно не очекуваше вакво нешто. Тој даде премногу за овој клуб да биде понижен на ваков начин и дефинитивно е потег што нема да им го прости во иднина.

Хари Кејн е најдобар стрелец во историјата на Спарс. На 435 настапи постигна 280 гола, но недостигаа трофеи. Уште една ваква сезона едноставно не доаѓаше во предвид бидејќи брилијантниот напаѓач е премногу стар за да чека подобри денови во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Зиркзе пред враќање во Италија!

Џошуа Зиркзе би можел во јануари да ја побара среќата на ново место. Во Манчестер Јунајтед…