Дома Трансфер зона Дојде од Јувентус во Ливерпул, а ќе си замине без настап во Премиер лигата?

Дојде од Јувентус во Ливерпул, а ќе си замине без настап во Премиер лигата?

Како и што се очекуваше, Бразилецот, Артур Мело ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната потврди агентот на фудбалерот.

Во последниот ден од зимскиот преоден рок Артур пристигна на „Енфилд“ како позајмен фудбалер од Јувентус, а „црвените“ добија право да го откупат за 35 милиони евра.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, тоа нема да се случи. Тоа и се очекуваше, а сега го потврди агентот на фудбалерот. Засега не е познато каде Артур ќе продолжи бидејќи не е во плановите ниту на Алегри во Јувентус.

Артур би можел да го напушти Ливерпул без да дебитира во Премиер лигата затоа што се уште нема настап во најсилната англиска лига, во останатите натпреварувања собра некој настап и запиша 256 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…