Дома Трансфер зона Дортмунд ја најде замената за Халанд

Дортмунд ја најде замената за Халанд

Борусија Дортмунд е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, кој може да биде долгорочна замена за Ерлинг Халанд.

Прва желба на „милионерите“ е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Халер одигра фантастична сезона во Ајакс каде на 40 меча постигна 34 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.

Интересот за него е голем, но Дортмунд е во напредни преговори со Ајакс и спреми понуда од 35 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…