Дома Фудбал Англија Дортмунд постави астрономска цена за својата ѕвезда

Дортмунд постави астрономска цена за својата ѕвезда

Борусија Дортмунд постави цена од 120 милиони евра за англискиот талент Џуди Белингам, пренесува „Билд“.

Белингам се етаблираше во еден од најважните играчи на Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Ливерпул.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


18-годишниот талент е голема желба на Јирген Клоп, кој му соопштил на раководството дека сака да го донесе на „Енфилд“.

Меѓутоа, трансферот нема да биде лесен бидејќи за Белингам „црвените“ треба да платат рекордна сума, со оглед на фактот дека Дортмунд постави астрономска цена за својот „бисер“.

Белингам има договор со Борусија до 2025 година, а во клубот пристигна од Бирминген во 2020 година за 25 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…