Дома Топ вести Дортмунд му нуди двојно поголема плата на Халанд, за да остане уште една сезона

Дортмунд му нуди двојно поголема плата на Халанд, за да остане уште една сезона

Раководството на Борусија Дортмунд ќе му понуди двојно поголема плата на Ерлинг Халанд, за да го убеди напаѓачот да остане во клубот барем уште една сезона.

Ова денес го објави новинарот на „Билд“, Кристиан Фалк, кој открива дека понудата на „милионерите“ изнесува 15 милиони евра по сезона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Норвежанецот на лето може да си замина за само 75 милиони евра, бидејќи во договорот ќе се активира откупна клаузула со тој изност.

Со оглед на фактот дека Халанд е мета на многу европски гиганти, оваа сума воопшто нема да им биде проблем.

Тешко е да се поверува дека неговиот агент Мино Раиола ќе ја прифати понудата на Дортмунд, бидејќи тој за неговиот клиент бара годишна плата од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а најново…