Дома Останати Кошарка Дончиќ: Не е важно што бев повреден. Не направив доволно

Дончиќ: Не е важно што бев повреден. Не направив доволно

Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Далас Маверикс со 106:88 во петтиот натпревар од финалето на НБА и ја освоија титулата со вкупен резултат 4:1.

За тимот од Бостон тоа е рекордна 18. титула во НБА, а прва од 2008 година. Досега Селтикси беа изедначени по бројот на титули со Лејкерси (Лос Анџелес и Минеаполис), кои освоија 17.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


По поразот, Дончиќ се појави на прес-конференција на која најпрвин беше запрашан што му се врти во глава по неуспехот во финалето, на што Словенецот одговори: „Ништо. Тажен сум затоа што загубивме“. Тогаш новинарите го прашаа колку е сериозна повредата во финалната серија, а Дончиќ не бараше никакво оправдување за себе.

“Не е важно што бев повреден или колку бев повреден. Бев на теренот и не направив доволно. Горд сум на тимот иако не ја освоивме титулата. Имавме добра сезона, Бостон играше одлична одбрана, тие се одличен тим и тоа е тоа“, рече Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …