Дома Останати Кошарка Дончиќ и со трипл-дабл беше незадоволен: Ја видов мојата статистика – страшно!

Дончиќ и со трипл-дабл беше незадоволен: Ја видов мојата статистика – страшно!

Репрезентацијата на Словенија претрпе пораз во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Париз, Хрватска ги декласираше Дончиќ и друштвото со 108:92 и така направи голем чекор кон полуфиналето на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата ѕвезда во ростерот на Словенија натпреварот го заврши со трипл-дабл од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, но изрази и незадоволство.

Дончиќ беше незадоволен од шутот од поле кој беше 8/23. На прес-конференцијата не го криеше незадоволството.

„Ја видов статистиката, мојот процент за шут…страшно! Морам да бидам подобар од ова. Хрватска денес одигра одлично и не надигра. Одбраната навистина не ни беше добра и мораме да сме подобри, почнувајќи од мене“, изјави Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ уште не сака да потпише со Денвер – има 724 милиони причини!

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќ…