Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ го одведе Далас до меч топка, Бостон со „метла“ за Бруклин!

Дончиќ го одведе Далас до меч топка, Бостон со „метла“ за Бруклин!

Далас Маверикс поведоа со 3:2 против Јута во првата рунда од плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата.

Мавси во петтиот натпревар ја декласираа Јута со 102:77 во натпревар во кој од почетокот до крајот беа подобриот ривал на теренот. Словенецот Лука Дончиќ се врати после кратката пауза и одигра одличен натпревар. Дончиќ натпреварот го заврши со учинок од 33 поени, 13 скокови и пет асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во победничката екипа треба да се издвои и Брунсонс кој постигна 24 поени, запиша пет скоак и подели четири асистенции. Прво име во редовите на Јута беше Кларксон со 20 поени, четири скока и три асистенции. Го следеше Гобер со дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови. Шестиот натпревар во оваа серија е закажан за на 28. Април.

Торонто успеа да слави на гости против Филаделфија со 88:103 и да остане во живот (3:2). Сиакам со дабл-дабл од 23 поени 10 скокови и 7 асистенции ги предводеше Рапторси. Ембид во редовите на Филаделфија имаше сличен учинок од 20 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Бостон Селтикси ја завршија работата и со победата од 112:116 на гости го елиминираа Бруклин (4:0). За Бруклин во овој натпревар не беше доволен и одличниот настап на Кевин Дурант кој постигна 39 поени. Кај Бостон најрасположен беше Татум со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…