Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но не е задоволен од својот статус во Париз.
Покетино во првите натпревари предност му даде на Кејлор Навас, а Донарума беше на клупата за резерви.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Младиот Италијанец одигра само два меча, а посебно е разочаран што не игра во Лигата на шампиони.
Донарума го загуби трпението и веќе му се пожалил на неговиот агент Мино Раиола.
Донарума сака да игра и е лут на Раиола што не му обезбедил трансфер во клуб каде ќе му биде гарантирано место во стартниот тим.
Италијанските медиуми пренесуваат дека следното лето Донарума може да се врати во Серија А и дека Раиола работи на негов трансфер во Јувентус.