Дома Фудбал Англија Доколку сакаат да го отпуштат Компани, Манчестер Сити ќе мора да плати богатство

Доколку сакаат да го отпуштат Компани, Манчестер Сити ќе мора да плати богатство

Белгискиот фудбалер и капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани во последно време често е повреден, а изгледа дека Пеп Гвардиола повеќе неа намера да го трпи.

Во тие ретки моменти кога Компани е здрав, Гвардиола секогаш му дава шанса во првиот состав, со оглед на тоа што тоа ретко се случува, Шпанецот наводно размислува за тоа да го прекине договорот со дефанзивецот. Сепак, проблемот е во тоа што Компани има договор уште 18 месеци, а доколку Сити одлучи да го отпушти ова лето, ќе мора да му исплати 8,5 милиони фунти, пренесува „Daily Star“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Втората опција е да остане во своите редови и следната сезона, што секако ќе го оштети нивниот буџет со оглед на високата плата која ја има Белгијанецот. Потсетуваме, тој во текот на оваа сезона одигра само десет натпревари во Премиер лигата, а сигурно дека ќе имаше многу повеќе да не беа повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…