Додека се чека расплетот околу Бруно Фернандеш, Манчестер Јунајтед дејствува и на други страни.
Како што наведуваат англиските медиуми, нов играч на Манчестер Јунајтед во овој преоден рок би можел да стане фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги е спремен да издвои дури 60 милиони евра што е сума која тимот од Мадрид е спремен да ја плати.
Љоренте изминатото лето потпиша договор на пет години со Атлетико. Меѓутоа, тој само во три натпревари сезонава беше стартер и таквиот статус не се поклопува со неговите амбиции кои ги имаше пред почетокот на сезоната.
Понудата од „Олд Трафорд“ би можела да биде привлечна за младиот фудбалер затоа што во Јунајтед би требало да го замени, Пол Погба.
Љоренте е дете на Реал Мадрид, меѓутоа на „Бернабеу“ не доби вистинска шанса. На заминување се одлучи изминатото лето, но во Атлетико не му оди баш најдобро.