Дома Фудбал Останато Додека светот се снабдува со неопходни продукти шпанскиот ветеран си купи полна количка пиво (ФОТО)

Додека светот се снабдува со неопходни продукти шпанскиот ветеран си купи полна количка пиво (ФОТО)

Се сеќавате на Даниеле Гуиза? Вниманието овој фудбалер го сврте на Европското првенство во 2008 година кога како прилично анонимен фудбалер во добро светло се претстави пред фудбалскиот свет. По Европското првенство направи трансфер од Мајорка во Фенербахче.

Гуиза во Турција остана три години, а потоа следуваа чести преселби од клуб во клуб, а освен по фудбалот остана запаметен и по тоа што сакаше да води неспортски живот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Работите изгледа не се промениле и кога Гуиза има 39 години. Додека луѓето ширум светот се снабудуваатсо неопходните работи поради пандемијата со коронавирусот Гуиза е фотографиран во еден супермаркет со полна количка пиво.

„Со ладно пиво побрзо поминува времето во карантин“, напиша Гуиза под фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е најчудниот автогол во историјата: Голманот го одбрани пеналот, но фудбалерот ја испрати топката во својата мрежа (Видео)

Фудбалерите на Бенфика останаа без трите поени во дополнителното време од натпреварот прот…