Дома Останати Кошарка НБА Договор за кој зборува цела Америка: Еве колку пари ќе добие Ембид од Филаделфија

Договор за кој зборува цела Америка: Еве колку пари ќе добие Ембид од Филаделфија

Џоел Ембид ќе потпише нов петгодишен договор со Филаделфија тежок 148 милиони долари, а истиот може да достигне и до 178 милиони долари доколку бидат исполнети некои клаузули во договорот.

Според информациите од САД, ова е еден од најкомплексните договори бидејќи содржи многу детали. На пример, Ембид би можел да заработи дополнителни 30 милиони долари доколку биде избран во првата, втората или третата петорка во НБА-лигата или доколку влезе во конкуренција за МВП-наградата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Многумина се сомневаат во овој договор бидејќи Ембид досега во кариерата има одиграно само 31 натпревар поради повредите и прашање е дали неговото тело ќе може да ги издржи напорите што ги бара НБА-лигата.

Сепак, минатата сезона, иако одигра само 31 натпревар, Ембид целосно го смени ликот на франшизата од Филаделфија.Тој во просек играше 25 минути од натпревар остварувајќи учинок од 20,2 поени, 7,8 скока, 2 асистенции и 2 блокади

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…