Дома Останати Авто Мото Довициозо и Дукати доминантни и најдобри на патеката „Муџело“

Довициозо и Дукати доминантни и најдобри на патеката „Муџело“

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, ја изненади конкуренцијата и победи на трката за Големата награда на Италија, која во неделата се возеше на патеката „Муџело“.

Довициозо победи пред лидерот во генералниот пласман Маверик Вињалес (Јамаха), додека совршениот ден за Италија го комплетира Данило Петручи на Прамак Дукати, кој заврши на третото место.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андреа Довициозо му ја донесе првата победа на Дукати во Муџело по 2009 година и воедно ја забележа третата победа во кариерата, во кралската класа.

На патеката од почетокот се водеше голема борба, Роси во првиот круг ја презеде лидерската позиција од Вињалес, потоа во наредниот круг лидер беше Лоренцо, но миленикот на домашната публика Роси два круга подоцна се врати на првата позиција.

До крајот се водеше голема борба помеѓу Јамаха и Дукати, на десет круга до крајот лидерската позиција ја презеде Довициозо, втор беше Петручи, а трет Вињалес, кој сепак на четири круга до крајот изби на второто место. Лидеот во генерланиот пласман до крајот вршеше притисок врз Довициозо но не успеа да му ја оспори победата.

Вињалес со освоеното второо место ја зголеми предноста во генерланиот пласман, тој има 105 бодови, втор е Довициозо со 79, а трет Роси со 75.

Наредната трка, седма во кралската класа, ќе се вози во Шпанија на 11.јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…