Дома Фудбал Добро познати сцени: Роналдо му се развика на судијата поради поништениот гол: “Ку**н сине! Секогаш против мене!”

Добро познати сцени: Роналдо му се развика на судијата поради поништениот гол: “Ку**н сине! Секогаш против мене!”

Кристијано Роналдо го предводеше Ал Наср со два гола и асистенција во победата од 4-0 над Ал Шабаб.

Наместо со фантастична игра на овој меч, Роналдо го привлече вниманието на светот откако му се развика на судијата Исмаил Елфата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Веќе во 20. минута при водство на Ал Наср со 1:0, Марсело Брозовиќ одлично нафрли од корнер, а Роналдо прекрасно скокна и постигна гол.

Следуваше неговото препознатливо „сиуууу!“ прослава со специјални светлосни ефекти на стадионот.

Сепак, забавата на домашните ја расипа судијата, кој по прегледувањето на видеото утврди дека Роналдо пред голот го фаулирал противничкиот играч.

Роналдо полуде по одлуката, прво рече „Ку**н сине“ на шпански, а потоа му викна на судијата на англиски: „Секогаш против мене! Секогаш против мене!“

Не доби ниту жолт картон.

Ronaldo’s disallowed goal against Al Shabab.
by u/greaseball_7 in soccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците со стил се пласираа на СП: Без Роналдо постигнаа девет гола против Ерменија! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија денеска ја декласираше Ерменија со резултат 9:1,…