Дома Фудбал Италија Добри вести за Јувентус: Алегри повторно може да смета на „грешникот“

Добри вести за Јувентус: Алегри повторно може да смета на „грешникот“

Бразилецот наскоро се враќа на теренот.

Играчот на Јувентус, Даглас Коста повторно се стави на располагање на својот тренер Алегри откако ја одработи суспензија од четири натпревари која ја доби после натпреварот против Сасуоло.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бразилецот тогаш доби директен црвен картон поради плукање на фудбалерот на Сасуоло, Еусебио Ди Франческо.

Коста не можеше да помогне ниту на своите колеги во Лигата на шампионите против Јанг Бојс поради повреда на левата нога, но сега се врати на тренинзите и Алегри би можел да го користи веќе наредното коло од Серија А кога Јувентус против Џенова ќе игра на „Алијанц Арената“.

„Старата дама“ одлично ја започна сезоната со максимален учинок во сите натпреварувања во 10 натпревари (осум во Серија А, два во Лигата на шампионите).

https://www.youtube.com/watch?v=8ebXlANiA-A

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сари даде краток коментар за трансферот на Модриќ во Милан

На Лука Модриќ му остануваат уште само натпревари на Светското клупско првенство со Реал М…