Барселона конечно успеа да се договори со младата ѕвезда Гави и талентот наскоро ќе потпише нов договор, пренесуваат шпанските медиуми.




Барселона ја заголемила понудата и ги задоволила финансиските барањата на Гави, па се очекува играчот наскоро да стави потпис на нов договор.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Неговиот актуелен договор истекува во 2023 година и во него има откупна клазула од 50 милиони евра, сума која многу европски гиганти беа спремни да ја платат.




Во новиот договор ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра, со што Барселона ќе го „блиндира“ еден од своите најголеми таленти.




Гави во август ќе полни 18 години, но импресионираше со своите настапи минатата сезона и веќе е стандарден шпански репрезентативец.