Дома Фудбал Останато Добар играч, лош соиграч: Кога дојдов во Галакси ми кажаа лоши работи за Ибрахимовиќ

Добар играч, лош соиграч: Кога дојдов во Галакси ми кажаа лоши работи за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ја напушти МЛС лигата кон крајот на 2019 година, а за него во САД се уште се зборува.

Шведскиот напаѓач имаше две одлични сезони во ЛА Галакси, но очигледно дека не оставил добар впечаток кај некои негови соиграчи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неодамна Жоао Педро зборуваше дека Златан имал многу арогантен однос со соиграчите, а сега Емилијано Инсуа во разговор со Ибра раскажа дека Швеѓанецот не бил баш омилен во соблекувалната.

„Ми кажаа дека не бил баш најдобар соиграч и дека затоа замина. Како фудбалер е добар, но како што ми кажаа кон соиграчите бил прилично лош. Јас не го познавам, но знам дека е чуден. Кога дојдов во Галакси ми раскажаа одредени работи кои се прилично незгодни и приватни. Не би било во ред повеќе да зборувам за некој кој не го познавам и со кој не сум играл никогаш“, изјави Инсуа.

Ибрахимовиќ постигна 52 гола на 56 настапи за Галакси и самиот себе се смета за најдобар играч во историјата на МЛС.

„Правев некои неверојатни и перфектни работи. Не се шегувам, себе се сметам за најдобар фудбалер во историјата на МЛС. На ваков начин може да играм каде сакам“, изјави во една прилика шведскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…