Фудбалерите на Рома утре играат на гости против Ливерпул во рамки на полуфиналето од Лигата на шампионите.
Рома направи неверојатен подвиг, откако во четвртфиналето беше подобра од Барселона, а на патот до финалето во Киев им стои уште само Ливерпул. Римскиот тим денес допатува во Англија, а тренерот на оваа екипа, Еусебио Ди Франческо вечерва присуствуваше на конференцијата за новинарите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Англиските стадиони се неверојатно убави и веќе можам да замислам каква ќе биде утре атмосферата на „Енфилд“. Ние не сме навикнати на таква атмосфера, навивачите да се веднаш за нас. Ливерпул игра дома, но знаеме дека и ние ќе имаме поддршка од нашите навивачи“, истакна Ди Франческо и додаде:
„Најважно е да играме како тим. Ливерпул е доста поинаков тим од Барселона и ќе мораме да бидеме на нашето ниво за да им парираме. Ќе играме сигурно поинаку, но не смееме да се опуштаме во ваквите натпревари каде само една грешка може многу да чини. Составот отприлика го знам, а единствена дилема е уште дали ќе игра Шик или Џенгиз Ундер“.