Најпознатиот италијански спортски новинар Џанлука Ди Марцио објави информација дека полскиот напаѓач Криштоф Пјонтек има нов клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Милан наводно се договорил со со Херта и според Ди Марцио трансферот наскоро ќе биде официјализиран.
Претставници на германскиот клуб денес пристигнале во Милано и разговарале со управата на „росонерите“. На крајот договор бил постигнат за 27 милиони евра плус бонуси. Полскиот напаѓач вечерва или утре ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со германскиот тим. Засега неговите лични услови не се познати.
Пјонтек во Милан стигна пред една година од Џенова, но поради слабите настап ии доаѓањето на Ибрахимовиќ го изгуби местото во тимот.