Дома Трансфер зона Ди Марцио: Елмас е голема желба на Анчелоти, барањето до Де Лаурентис е веќе испратено

Ди Марцио: Елмас е голема желба на Анчелоти, барањето до Де Лаурентис е веќе испратено

Maкедонскиот бисер Елиф Елмас се уште е член на Фенербахче, но тоа не би требало да остане така кога сезоната ќе започне.

Името на Елмас веќе подолго време се поврзува со многу големи европски клубови. Во еден момент се најавуваше дека неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е завршена работа, но на крајот интересот од „јорганџиите“ изгледа опадна.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега познатиот италијански новинар и познат експерт кога е трансфер пазарот во прашање посебно за Италија, Џанлука Ди Марцио пренесува вест за Елмас.

Ди Марцио вчера вечер објави дека Карло Анчелоти го гледа Елмас како идеално засилување во средниот ред на Наполи. Според информации, Анчелоти испратил барање до претседателот на клубот Де Лаурентис да му го доведе Елмас во најбрз можен рок со цел да има повеќе време да се адаптира.

Како алтернатива во случај Наполи да не може да стигне до потписот на Елмас се споменува Ерик Плугар од Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…