Анхел ди Марија ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но веќе во јануари е спремен да ја напушти „старата дама“.




Аргентинецот потпиша едногодишен договор, но неговиот сон е после Мундијалот да се врати во Аргентина.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со елиминацијата од Лигата на шампиони, Ди Марија нема мотив да остане во Јувентус и сака да се врати во Росарио Централ и таму да ја заврши кариерата.




„Мојот најголем сон е да се вратам во Росарио, за тоа сонувам долго време и би сакал да се случи. Фудбалерите во Аргентина сонуваат кариера во Европа, а мојот сон е да се вратам во Росарио“, изјави Ди Марија.




„Газета дело Спорт“ пренесува дека не е невозможно Јувентус во јануари да му дозволи да замине.