Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос бил во Милано, а главна цел е дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува „Паризиен“.
Весникот открива дека Кампос изминатите два дена ги поминал во Милано за да преговара за трансферот на Милан Скриниар од Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, но преферираат да го продадат Бастони, а да го задржат Скриниар.
Сепак, доколку ПСЖ исрати богата понуда, над 60 милиони евра, тогаш Интер може да ги промени плановите и да го продаде Скриниар.
„Паризиен“ открива дека примарна цел на ПСЖ е доведување на врвен дефанзивец, а прв на листата желби е токму Скриниар.
Il Psg a Milano per Skriniar. In sede Inter anche il procuratore di Bastoni #inter https://t.co/W4FjGBxxxN
— SportMediaset.it (@sportmediaset) June 8, 2022