Тимот на Вардар нема премногу време за одмор затоа што после дербито со Е.Пелистер утре го чека натпревар во Лигата на шампионите против силниот Алборг.
Пред овој натпревар за медиумите зборуваше Тимур Дибиров.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тимот најдобро го крева победата. Влеговме во еден Бундес ритам и не можеме да се опуштиме, тоа не е возможно поради домашните натпревари. Не можеме да направиме и добар тренинг. Атмосферата е на добро ниво поради победите со Мешков и Пелистер, но за нас важно е што ќе биде, не што било“.
И Алборг како и секоја екипа има слабости за Дибиров.
„Секоја екипа има слабости, па и Алборг. Многу трчаат и имаат силно темпо. Наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам од таа нивна комформа зона“, изјави Дибиров.
Натпреварот помеѓу Вардар и Алборг се игра уте од 18:45 часот.