Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров, Митревски и Јотиќ во тимот на месецот во СЕХА

Дибиров, Митревски и Јотиќ во тимот на месецот во СЕХА

Македонските екипи имаа добри настапи во СЕХА-лигата, па Вардар и Еурофарм Работник имаат вкупно три ракометари во идеалниот тим за месец септември.

Голманот на македонската репрезентација и на Еурофарм Работник, Никола Митрески е во идеалниот тим на месецот во СЕХА-лигата. Митревски брилјираше на голот на Еурофарм во двете победи над Спартак Москва и над Металопластика.

Место во идеалниот тим има и за неговиот соиграч Ловро Јотиќ кој е најдобар лев бек во изминатиот месец.

Вардар има само еден ракометар во идеалниот тим и тоа е Тимур Дибиров.

Меѓу останатите ракометари кои се најдоа во најдобриот тим за минатиот месец се уште и Јовица Николиќ од Војводина, Расмус Лауге од Веспрем, Дарко Ѓукиќ од Мешков Брест и Максим Бабичев од Мотор Запорожје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Охрид по победа пред паузата, скопскиот дуел носи шанса за крај на лошата серија

Охрид гостува кај Куманово во последниот натпревар пред репрезентативната пауза. Мулти Есе…