Дома Трансфер зона Дибала на раскрсница: Реал или Манчестер Јунајтед?

Дибала на раскрсница: Реал или Манчестер Јунајтед?

Пауло Дибала игра во фантастична форма оваа сезона и веќе има постигнато 10 гола во првоте 6 кола од Серија А.

Дибала од ден на ден покажува дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот, па на Јувентус сигурно ќе му биде тешко да го задржи во своите редови.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според „Мундо Депортиво“ Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе ја водат главната битка за потписот на младиот Аргентинец.

Како што пишува весникот лично претседателот на Реал Мадрид бил заинтересиран да го доведе Дибала во своите редови, но тоа нема да му биде ни малку лесно затоа што ќе има конкуренција во Манчестер Јунајтед, но и во Јувентус кој со сигурност нема лесно да се откаже од својот најдобар играч.

За Дибала во минатото беа заинтересирани и Барселона и ПСЖ но весникот тврди дека тие се откажале поради големата цена на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…