Пауло Дибала на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус, а италијанскиот шампион веќе бара замена за Аргентинецот.
Дибила оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, падна во сенка на Кристиано Роналдо, па и самиот размислува да промена на средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот нема да има проблем да најде нов клуб бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Реал Мадрид, Интер, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Јасно е дека Јувентус од неговата продажба ќе заработи околу 100 милиони евра, а италијанските медиуми пренесуваат „старата дама“ веќе разгледува две можни опции како негова замена.
Првата е Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од Барселона. Бразилецот не се снајде најдобро на „Камп Ноу“ и се почести се шпекулациите дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Каталонците за неговата слобода бараат околу 100 милиони евра, сума која Јувентус нема да има проблем да ја плати.
Втората опција е Хамес Родригез. Колумбиецот е на позајмица во Баерн Минхен од Реал Мадрид, но Баварците најверојатно нема да ја искористат опцијата за негов откуп.
Јувентус и претходно покажуваше инетрес за Хамес, бидејќи во него гледаат идеална замена за Дибала. Притоа, Колумбиецот е поефтино решение, бидејќи неговата цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.