Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
Како што е познато Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната како слободен агент, откако двете страни одлучија да ги прекинат преговорите за продолжување на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако првично се мислеше дека нема да се пресели во директен ривал, сепак на крајот одлучи да остане во Италија и да се пресели во Милано.
Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.
Интер сака да го донесе Дибала без обештетување, а да го продаде Лаутаро Мартинез за 70 милиони евра и така да ги финансира другите летни трансфери.