Младиот холандски стопер Матијас Де Лихт е фудбалер за кој скоро секојдневно се пишува и никој не верува дека тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Ајакс.
Де Лихт воодушеви со своите настапи во дресот на холандскиот клуб со кој освои двојна круна и беше на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со своите одлични настапи го привлече вниманието на европските гиганти, а во последно време најмногу се поврзува со Барселона и Манчестер Јунајтед.
Иако неговиот трансфер во Барселона изгледаше како завршена работа пред неколку дена се појави вест дека Манчестер Јунајтед со понуда од 14 милиони евра по сезона може да го убеди да го избере „Олд Трафорд“.
Во овој момент тој е на припреми со репрезентацијата на Холандија, а пред камерата на „ЕСПН“ одлучи малку да зборува за својата иднина.
„Каде се гледаме себе си? Па, Премиер лигата е големо натпреварување, исто така и Ла Лига. Сепак тука се и останатите првенства, не се само тие две во прашање. Се уште не знам точно што ќе бидам во иднина, но некои ппланови постојат. Ќе видиме како ќе одат работите“.
„Секако дека постои интерес од некои клубови, меѓутоа сега не сакам да зборувам за нивните имиња. Ќе видиме што ќе се случи. Фокусиран сум на националниот тим и наскоро ќе знаеме што носи иднината“, изјави младиот стопер.
Barcelona or Manchester United?
Matthijs de Ligt claims he has not made a decision. pic.twitter.com/i8Oa6M0deB
— ESPN FC (@ESPNFC) May 26, 2019