Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи, сигурно ќе биде еден од најбараните во летниот преоден рок.
Нигереиецот сезонава на 29 натпревари постигна 25 гола со пет асистенции и во овој момент е најдобар стрелец во Серија А, а идниот шампион на Италија веќе има многу понуди за него. Ако Осимен замине тоа веројатно би било за сума која ќе го направи еден од најплатените фудбалери во историјата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис бара 170 милиони евра за неговите услуги и порача дека нема ниту да преговара за помалку.
„Никој не би имал проблем да потроши толку пари за играч кој доаѓа од Премиер лигата, па не гледам зошто тоа би било проблем со Осимен“, изјави Де Лаурентис.
Најзаинтересирани наводно се Манчестер Јунајтед и Челзи. И двата англиски гиганти мака мачат со напаѓачи, а приоритет на Ерик Тен Хаг и Грем Потер е да купи класичен центарфор.
Осимен дојде во Наполи во летото 2020 година од Лил за 75 милиони евра и досега постигна 53 гола, додавајќи 14 асистенции на 91 натпревар. Во меѓувреме стана репрезентативец на Нигерија, а на 23 натпревари за својата земја постигна 15 голови.